вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 31

Бели шлемови: Во експлозијата кај Алепо стотина жртви

Експлозијата се случи во областа Рашидин, северно од Алепо, покрај десетина автобуси во коишто се наоѓале главно шиити од две сириски села, кои беа со години во опкружување на вооружената сунитска опозиција, и според договорот меѓу владата во Дамаск и бунтовниците, беа евакуирани, како и сунитските жители од областите во претежно шиитските области

33-6

Поврзани вести

Најмалку сто луѓе загинале во експлозијата којашто во саботата одекна во близина на конвојот од автобуси кои чекаа да влезат во северниот сириски град Алепо, соопшти Сириската цивилна одбрана, самоорганизирани хуманитарци кои се познати како Бели шлемови, која тврди дека нивните волонтери изнеле најмалку 100 тела од местото на нападот.

Според други извори, досега се потврдени 70 жртви, а повеќе од сто луѓе биле повредени. Сириските медиуми наведуваат дека терористите го ставиле големото количество експлозив во возило со коешто било доставувана детска храна и други прехранбени продукти. Експлозијата се случила во близина на бензинска пумпа, по што избувнал пожар.

Експлозијата се случи во областа Рашидин, северно од Алепо, покрај десетина автобуси во коишто се наоѓале главно шиити од две сириски села, кои беа со години во опкружување на вооружената сунитска опозиција, и според договорот меѓу владата во Дамаск и бунтовниците, беа евакуирани, како и сунитските жители од областите во претежно шиитските области.  avtobusi alepo

Според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон, се случила експлозија на бомба. Службената сириска новинска агенција SANA, повикувајќи се на воен извори, наведува дека станува збор за самоубиствен напад изведен со автомобил бомба во близина на конвојот автобуси, во област контролирана од бунтовниците. Изгореле и неколку возила на сириската Црвена полумесечина коишто го придружувале конвојот.

Илјадници Сиријци, коишто во петокот беа евакуирани од четири села, се блокирани на патот до нивните нови дестинации, ден откако ги напуштија своите домови, со што договорот за нивно извлекување и преместување на нови локации е доведен во прашање, пренесува AFP. Според нејзиниот репортер, околу 5.000 луѓе чекаат да го продолжат патот. Сириската црвена полумесечина на луѓето од Рашидин, кои ги има 3.700 им дели храна и вода за пиење.

Околу 2.200 евакуирани луѓе од Мадаја и Забадани се во слична ситуација. Тие се блокирани на транзитниот пункт на територијата којашто е под контрола на владините сили, јавил телефонски еден од нив во AFP. Ноќта кон саботата тие а минале во автобусите во местото Рамуша, каде што, исто така, Црвената полумесечина им делела храна и вода.

Според SOHR, конвоите се блокирани поради тоа што бунтовниците се жалеле дека со евакуацијата на жителите од Фуа и Кефраја, кои се под контролата на владините сили, бил наводно прекршен договорот за извлекувањата на цивилите, но не прецизирале за што станува збор.

Сепак, владината агенција јавува дека според договорот меѓу владините сили и опозициските борци, ќе продолжи евакуацијата.

Најчитани вести