Македонија

Беличанец-Алексиќ на средба со Шелтон

Беличанец-Алексиќ на средба со Шелтон

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ, денес оствари работна средба со Кристен Шелтон, командир од Полицискиот президиум од Јужен Хесен, Германија.

На средбата на која присуствуваа и полициски службеници од П.С. Кисела Вода, како и претставници од СВР Скопје, главниот акцент беше ставен на превенцијата и сузбивањето на криминалот.

На градоначалникот на општина Кисела Вода, од страна на командирот од Полицискиот президиум од Јужен Хасен и беа претставени трите различни модели на превенција и сузбивање на криминалот, интегрирани во тамошното законодавство.

Претставниците на полициските власти разменија мислења и искуства окулу организација на полицијата, овластувањата, правата и обврските на полициските службеници.

Како заклучок од средбата беше истакнато дека успешната соработка на локалните и полициските власти претставува клуч за превенција, сузбивање и намалување на криминалот и истата и во иднина ќе продолжи.