Со „Бело лето“ почнува летната туристичка сезона во Охрид

Со „Бело лето“ почнува летната туристичка сезона во Охрид

Со манифестацијата „Бело лето“ од денеска официјално почнува летната туристичка сезона во Охрид. Во рамки на манифестацијата, која ќе трае до 5 јули, втор пат годинава ќе се одржи и интернационалниот, мултикултурен уличен фестивал „Баскерфест“. Централниот настан ќе биде утре на „Белата ноќ“, со концерт на  „Слаткаристика“, Тајзи и „Саунд месинџерс“.

Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид Ѓоко Апостолов истакна дека со „Бело лето“ ќе бидат најавени сите летни активности за збогатување на туристичката понуда во градот.

– Се надеваме дека тоа ќе биде доволна причина што поголем број туристи да го посетат нашиот туристички бисер, истакна Апостолов.

Предвидено е, на малиот плоштад да има презентација на традиционални занаети и вештини во соработка со неколку невладини организации и здруженија на занаетчии.

На вториот Баскерфест во Охрид ќе настапат настапат 40-тина уметници, магеоничари, кловнови, ќе има огнено шоу, музика во живо, улични танчери и други креативни активности, а за главна атракција се најавува одењето по жица на Крис Бул. Уличните уметници своите перформанси ќе ги изведуваат на Градскиот плоштад и на плоштадот Чинар.

Согласно програмата за одржување празници и манифестации денеска и на 5 јули угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време, додека утре на традиционалната „Бела ноќ“ ќе бидат со неограничено работно време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.