Белучи: Не сум Бонд девојка, туку Бонд жена!

Белучи: Не сум Бонд девојка, туку Бонд жена!
Белучи: Не сум Бонд девојка, туку Бонд жена!

Италијанската убавица Моника Белучи, која публиката наскоро ќе може да ја види во новиот филм за Џејмс Бонд „Спектра“ „Spectre“, вели дека за неа не може да се рече дека е Бонд девојка.

Премногу сум зрела за да бидам Бонд девојка. Подобро да се каже дека сум Бонд леди или Бонд жена – вели Белучи во интервју за „Гардијан“ и потенцира дека е многу горда на тоа.

моника3

На прашањето што мисли, зошто нејзината улога во последниот Бонд филм предизвика толкаво внимание, Белучи одговорила „бидејќи живееме во свет на мажи“.

белучи1

белучи

Мажите имаат моќ во се: новинарството, актерството, режијата, банкарството, финансиите, образованието. Сите закони ги донеле мажите. Мажите мислат дека жените се стари кога веќе не се во состојба да раѓаат. А, тоа не е точно бидејќи жените и понатаму се фантастични. Затоа мислам дека со тоа што ме одбра мене, зрела жена, Сем Мендес (режисерот на филмот „Спектра“) направи вистинска револуција – вели Белучи, која додаве дека сепак има 50, а не 20 години и дека постои момент во животот кога мора да се соочите со времето кое минува.