Совети за убавина од Моника Белучи: Пиј добро, јади добро, имај добар секс

Пиј добро, јади добро, имај добар секс и смеј се многу. Ова се советите на највозрасната Бонд девојка досега, Моника Белучи. Мора да признаеме дека таа изненадува со своите совети за убавина.

Таа има 50 години и две деца од бракот со фрнацускиот актер Венсан Касел со кого се разведе во 2013-тата.  Белучи се чувствува повеќе „во контакт со себе си“ што и овозможува подобро да глуми. Ако порано се лутеше за улогите што и пристигаа благодарение на нејзината убавина, денес нејзиниот пристап кон убавината е поиинаков.

Да се говори за убавината како за хедикеп е лошо затоа што убавината е дар, слично како здравјето или интелегенцијата. Единствено што треба да го запомните е дека не смеете да бидете горди на тоа што сте убави. Затоа што не сте направиле ништо. Тоа ви е дадено, вели таа.

Во случајот на Белучи, таа убавината ја наследила од мајка и која била домаќинка и од татко и кој бил сопственик на компанија во градот Ситади ди КАстело каде како девојче била многу срамежлива и каде убавината и помогнала да стекне пријатели.

Ми приоѓаа па неморав да трчам по нив, вели таа.

На прашањето што би сакал понатаму да работи, таа одговора од прва:

Комедија. Дали знаете кого би сакал да го играм? Мортиша Адамс – тогаш би можела целата темнина да ја искористам за да биде смешна.

Наместо да трча за младост, таа негува „природна убавина“, затоа што како што вели, кога повеќе вие не сте вие тогаш станувате карикатура.

Работата ми дава дисциплина. За да бидам Бонд девојка во секси корсет морав да направам некои отстапки. Тоа не значи дека станував во 6 наутро и одев да вежбам. Едноставно неколку дена пред снимањето не јадев паста и тоа е тоа.  Вистина е дека сакам колачи и паста и чаша вино и понекогаш цигара. Мој совет: пиј добро, јади добро, имај добар секс и смеј се многу. Останатото доаѓа од себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.