Белучи: Премногу слабо не е убаво!

Моника Белучи во новиот филм Џејмс Бонд ја игра Луција, чиј маж мафијаш е убиен. За да ја обезбеди својата сигурност влегува во сојуз со агентот 007.

Таа за „Дејли Мејл“ опиша како се чувствува во новата улога.

Не можам да кажам дека сум Бонд девојка, бидејќи веќе сум зрела за таква улога. Би рекла „Бонд дама“, „Бонд жена“. Жена од педесет години никогаш нема да има енергија на дваесетгодишна девојка. Педесетите се години кога жената треба да го преиспита својот живот, вели Белучи.

Таа додала дека воопшто не е преоптоварена со изгледот.

Не мислам дека премногу слабо е убаво. Јас сум жена и имам облини. Но, јас сум и мрзелива. Никогаш не одам во теретана. Сакам да јадам чоколада и тестенини и излегувам во ресторан со пријателите. Не сум опседната со линијата, вели Моника.

Таа говорела и за својата улога во новиот Бонд.

Луција се наоѓа на крстосница на животот. Таа е заробеник на минатото. Потекнува од култура во која мажите ја имаат сета моќ. Сака да се ослободи од тоа и во Бонд ја гледа картата за излез, објаснува Белучи.

Кога Луција прв пат го запознава Бонд не му верува. Тој е човек кој наликува на сите мажи кои таа ги познава. Сепак, таа опасност која го следи е можеби неговиот најдобар квалитет, додава таа.

monika1

Како се бакнува Бонд?

Бакнувањето со некој што не го познаваш може да биде застрашувачко. Секако, Даниел е навистина секси и тоа помага. Тој го дава шмекот на Бонд заедно со мистеријата и опасноста. Сите сакаме по малку опасност, рекла Моника.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.