Бен Стилер боледува од рак на простата

Американскиот актер и комичар Бен Стилер денес соопшти дека боледува од смртоносна болест, рак на простатата. Информацијата ја откри вчера наутро, за време на забавната емисија ” The Howard Stern Show”. Tој на водителот му објасни како болеста е откриена и дека тоа биле многу лоши вести за него.

“На почетокот не знаев што ќе се случи. Многу се исплашив. Тогаш во животот се застанува, затоа што ништо не можете да планирате, затоа што не знаете како ќе заврши” – изјави Бен.

Тој изјави дека тестирањето на рак, познато како “PSA” тест му го спасило животот. Инаку, ракот на простатата е седмиот најопасен облик на рак и една од главните причини за смрт кај мажите во развиениот свет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.