Бенатиа недостапен за Сити, Јунајтед, Баерн Минхен и Барса

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Рома, Руди Гарсија испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на мароканскиот интернационалец Мехди Бенатиа.

Централниот дефанзивец веќе подолг временски период важи за најголема желба на градските ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, потоа на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн Минхен, а понуда за неговите услуги подготвува и претседателот на каталонскиот гигант Барселона.

“Минатата сезона Рома продаде неколку фудбалери и заработи околу 50 мил. евра. Ова лето, Рома не е во позиција да продава фудбалери, нема потреба од такво нешто, имаме одлична финансиска ситуација. Сега го знаете мојот став околу иднината на Бенатиа”, изјави Гарсија.

Репрезентативецот на Мароко е проценет околу 30 милиони евра.