Бенфика е новиот шампион на Португалија

По пауза од четри години, фудбалерите на Бенфика ја освоија толку посакуваната шампионска титула во португалската Примера дивизион.Шампионското слваје стартуваше откако фудбалерите на Бенфика ја оправдаа фаворитската улога во првенствениот натпревар од 28. коло и сосема заслужено со 2:0 го победија гостинскиот тим на Оланенсе.

„Убеден сум дека никогаш нема да го заборавиме овој натпревар, дека никогаш нема да го заборавиме овој ден. Ја исполнивме зацртаната цел. Бев убеден дека ќе ја освоиме шампионската титула, бев убеден, знаев што имам на располагање, знев дека сум опкружен од фантастични соработници. Голем удел во историски успех има и клупскиот претседател. Бенфика сега е клуб со чвртста структура, клуб со сигурна финансиска структура, клуб со светла иднина”, изјави тренерот на Бенфика, Жорге Жесус.