Бенфика најмногу се плаши од Пирло

Возбудувањата на клупската цена ќе бидат комплетитани денеска, откако ќе се одиграат првите полуфинални натпревари од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Новиот шампион на Португалија, тимот на Бенфика ќе се обиде да забележи позитивен резултат во првиот дуел против најверојатно старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

„Ретки се тие фудбалери кои можат да се споредад со Андреа Пирло. Станува збор за фудбалер од светска класа, за фудбалер кој поседува невидени квалитети. Многу е важен во фазата на креирање, доволен е само еден негов потег. Мислам дека нема никаква разлика помеѓу двата тима кога е во прашање тимската игра. Индивидуално, Јувентус има подобар квалитет, но слично размислуваме и затоа очекувам еден неизвесен натпревар”, изјави предводникот на Бенфика, Жорге Жезус.

Голема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува и на првиот полуфинален дуел помеѓу големите ривали од шпанската Примера дивизион, Севилја и Валенсија.

Двата натпрвара стартуваат во 21.о5 часот.