Бенфика освои нов трофеј на домашната сцена

Уште еден трофеј, трет во актуелната сезона, освоија фудбалерите на Бенфика кои ја оправдаа фаворитската улога во финалниот натпревар од националниот Куп на Португалија и сосема заслужено забележаа минимална победа над екипата на Рио Аве.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 20. минута, беше дело на аргентинскиот интернационалец, Николас Гаитан.

Триумфот во Купот на Португалија е јасен знак дека фудбалерите на Бенфика немаат никаков проблем кога е во прашање домашната фудбалска сцена, но и понатаму не можат да стават крај на проклетството наречено “Бела Гутман”.