Бенитез го сака Маскерано колку што ја сака Ким Бесинџер

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез откри дека клупските челници ќе ангажираат уште неолку квалитетни засилувања до крајот на летниот преоден рок.

Трофејниот шпански стручњак веќе го информирал сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис дека до крајот на преодниот рок мора да ангажира нов напаѓач и нов централен дефанзивец.

“Има уште неколку недели до официјалниот крај на летниот преоден рок. Ќе има уште многу шпекулации, на виделина ќе излезат уште многу фудбалски имиња. Само 10% од тие новинарски шпекулации се точни. Точно дека сум заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Хавиер Маскерано, но не е точно дека имало понуда или дека имало и состанок помеѓу двата клуба. Ми се допаѓа Маскерано, но ми се допаѓа и Ким Бесинџер. Нема место за паника, нема потреба од некакво брзање. Постојано контактирам со геренарлниот менаџер Рикардо Бигон. Ќе купиме фудбалер кој без никаков проблем ќе се вклопи во нашиот систем на работа”, изјави Бенитез.