Бенитез ќе добие неколку “скапи” подароци од Перез

Рафа Бенитез оваа недела и официјално ќе застане на чело на Реал Мадрид, а претседателот Флорентино Перез веднаш ќе се обиде да му донесе некоја нова ѕвезда.

Најблиску до “кралскиот клуб” се плејмејкерот на ПСЖ, Марко Верати и напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Верати веќе втора сезона е “главен” во средниот ред на “светците”, а во Мадрид ќе дојде за да го засили средниот ред, линија во тимот која е “виновна” за сезоната без трофеј.

veratti

Од тимот си замина Сами Кедира, се очекува истото да го стори и Иљараменди, а Лука Модриќ често е надвор од терените. Токму затоа ќе биде доведен Италијанецот Верати, за да ги “поврзе” редовите во тимот. Сумата која се очекува да биде искеширана е околу 40 милиони евра.

Кун Агуеро пак, би требало да пристигне како замена за Карим Бензема, иако Французинот е еден од најомилените ликови во соблекувалната на мадриѓаните.

Според одредени стручњаци, доаѓањето на Аргентинецот на “Сантијаго Бернабеу” не мора да значи и заминување на Бензема, туку напротив, би делувало стимулативно и би ја подигнало неговата игра на едно повисоко ниво.

aguero

Сепак, Бензема ќе мора да ги дели минутите со Агуеро, нешто што ќе преставува проблем, па затоа е многу поверојатно при евентуално доаѓање на напаѓачот на Сити, сегашната “деветка” на “кралевите” да си замине.

Евентуалниот трансфер на Агуеро во Реал би чинел нешто повеќе од 70 милиони евра, сума која Перез не би имал проблем да ја плати, само за да го види во своите редови еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Според добро упатените медиуми на Островот, трансферот на Давид Де Геа во Реал Мадрид е веќе завршена работа.

Во овие потенцијални трансфери свој збор ќе има и Бенитез, па затоа ќе се почека и неговото официјално превземање на “кралевите”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.