Бенитез: Лигата на шампиони е приоритет за Наполи

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез откри дека пласманот во групната фаза или во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони, е приоритет на популарните “азури”, кога е во прашање актуелната сезона во Серија А.

“Лигата на шампиони е приоритет, ние мора да обезбедиме пласман во групната фаза или во последното квалификациско коло. Сепак, можеме да се обидеме, можеме да освоиме некој трофеј во актуелната сезона. Знам дека сум критикуван поради ротацијата, но мојот тим не губи поради ротацијата. Фудбалерите ја прават потребната разлика, а тренерот има скромно влијание кога е во прашање конечниот резултат. Ќе ја прифатам секоја критика, но јас си имам сопствен начин на работа. Јас го тренирам овој тим, јас треба да донесам конечна одлука, јас треба да направам замена. Кога ќе победи тимот тогаш се е во најдобар ред, а кога ќе загуби, јас сум виновен за тој пораз”, изјави трофејниот шпански стручњак.