Бенитез: Масимо Морати не го исполни ветувањето

Трофејниот шпански стручњак и моментално предводник на Наполи, Рафа Бенитез откри зошто по лошо ќе го паменти неговиот престој на “Џузепе Меаца”, каде беше тренер на калчо гигантот Интер.
“Да, ја слушнав последната изјава на новиот спортски директор на Интер, Пиеро Аусилио. Знам дека му биле досадни моите изјави за Интер. Јас само дадов одговор на прашањето каква е разликата помеѓу Интер и Наполи од тренерска гледна точка, какви се условите за работа. Не навредив никого со мојата изјава. Пиеро е добар човек кој работи за Интер. Јасно ми е дека мора да даде таква изјава, тоа му е работа. Јас немам никаков проблем со Интер, јас имам проблем со поранешниот претседател Масимо Морати. Не го исполни даденото ветување”, изјави тренерот на Наполи.