Бенитез разочаран од темпото во Италија

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез, ја презентираше својата теорија околу неуспехот на италијанските клубови во Лигата на шампиони и во Лигата на Европа.

Трофејниот шпански стручњак е убеден дека во италија се игра премногу бавно и дека со такво темпо италијанските клубови не можат да им парираат на тие кои се натпреваруваат во англиската Премиер лига, во германската Бундес лига и во шпанската Примера дивизион.

“Искрено, се уште сум разочаран. Не ми е јасно како мојот тим со 12 освоени бода не обезбеди пласман во елиминациската рунда од Лигата на шампиони. Според мене, најголемата разлика е во темпото на игра. Кога збориме за високо, за брзо темпо, тогаш мислиме на англиската Премиер лига, германската Бундес лига и на шпанската Примера дивизион. Германските клубови се посилни од италијанските, во Германија се игра со високо темпо. Во Италија се игра бавно, тимовите имаат амбиција да го контролираат натпреварот. Тешко е да се помине на следното ниво. Сепак, ние мораме да бидеме задоволи од тоа што го постигнавме во актуелната сезона. Освоивме најмногу бодови во клупската историја, ќе играме во последното квалификациско коло Лигата на шампиони и сме дел од финалниот натпревар во Купот на Италија”, изјави Бенитез.