Бензема длабоко замешан во скандалот со уценувањето – постојат и телефонски снимки

Карим Бензема се подлабоко "глави во кашата" која настана со уцената на Валбуена

Јавното обвинителство има снимка на која добро се слуша неговиот глас и како тој ги уверува своите пријатели дека Матје Валбуена ќе плати за да не биде пуштена во јавност наводната скандалозна секс снимка.

Бензема од почетокот на истрагата не давал отпор, признал што се случило, но најверојатно поради тоа што претходно бил предупреден дека постојат докази за тоа што го направил, односно снимен телефонски разговор меѓу него и друго осомничено лице од групата.

Не грижи се, нема избор. Ќе го уверам во тоа и ќе плати, се зборовите кои ја шокираа Франција бидејќи членот на Реал Мадрид отсекогаш уживал посебен статус и бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во земјата, без разлика на повремените критики поради слаба форма.

Уцената, наводно, се случила минатиот месец, за време на подготовките на француската репрезентација за пријателските дуели со Ерменија и Данска. Кога “преговорите” меѓу Бензема и Валбуена завршиле, 28-годишниот напаѓач му се јавил на својот пријател од групата и му рекол дека работата ќе биде завршена.

Ако биде прогласен за виновен, Бензема може да добие затворска казна од пет години, но целиот случај веројатно ќе се одрази врз неговиот статус во Реал Мадрид и нема да биде чудно ако веќе во јануари добие отказ или биде продаден.