Бензема е најавениот подарок за тренерот на Рома

Францускиот интернационалец од редовите на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Карим Бензема, најверојатно ќе биде големиот подарок што го најавија раководните лица на италијанскиот калчолигаш Рома доколку “волчицата” обезбеди директен пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Најавениот поклон за предводникот на Рома, Руди Гарсија и за најверните фанови може да стане реалност само доколку официјалната понуда на италијанскиот калчолигаш за брзоногиот напаѓач не биде помала од 30 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.