Спорт

Бензема награден со нов петгодишен договор

Бензема награден со нов петгодишен договор

И покрај многуте заинтересирани екипи и шпекулации за негово заминување, францускиот репрезентативец Карим Бензема ќе остане во Реал Мадрид.

Тој ја прифати понудата на европскиот шампион за потпишување нов договор со важност од пет години.

Бензема изминатата сезона беше првата опција за „шпицот“ на тренерот Карло Анчелоти.

26-годишниот напаѓач член е на „кралскиот клуб“ од сезоната 2009/10. Лани во Примера постигна 17 погодоци, а најдобра сезона му беше 2011/12 кога 21 пат се запиша во листата на стрелците.