Бензините од денеска со нова цена

Бензините поскапеа за половина односно за еден денар, додека цената на еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство останаа непроменети.

Според одлуката која вчера ја донесе Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на еуросупер 95 се зголеми за еден денар, а еуросупер 98 поскапува за 0,5 денари.

Според одлукаата ова се новите цени:

Еуросупер 95 се продава за 62 денари,
Еуросупер 98 чини 63,50 денари,
Еуродизелот се продава за 44 денари,
Екстра лесното масло чини 32,50 денари за литар.

Мазутот м-1 нс се продава за 16,931 денари.

Според комисијата, новите цени се резултат на повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.