Македонија

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за 1,5 денари

Бензините поевтинуваат за половина денар,  дизелот за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија.
Од полноќ  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде поевтин за половина денар и ќе се точи за 71 денар по литар, а за исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98 кој ќе се продава за 73 денари по литар.

Дизелот поевтинува за денар и половина и од полноќ на бензинските пумпи во Македонија ќе можете да наточите еден литар за 55 денари.

За 1,5 денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 43,5 денари за литар.