Македонија,Економија

Бензините поскапи за еден, дизелот поевтин на половина денар

Бензините поскапи за еден, дизелот поевтин на половина денар

Горивата на бензинските пумпи од ноќеска ќе се точат по нови цени, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, цените на бензините од полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на дизелот ќе се продава по цена пониска за половина денар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 79 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 80,50 денари за литар.

Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, според најновите промени на цените, ќе чинат 68,50 односно 57 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поевтинува за 0,183 денари и ќе чини 40,698 денари за килограм.