Бензините поскапуваат, дизелот останува со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), остануваат исти.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,718 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.12.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,827 ден/кг

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.