Економија

Бензинот Еуросупер БС-98 поевтин за пола денар, останатите горива со исти цени

Бензинот Еуросупер БС-98 поевтин за пола денар, останатите горива со исти цени
Ќе возиме ефтина нафта, пад на цените на светските берзи

Од ноќеска на полноќ, на бензинските пумпи Еуросупер БС-98 ќе биде поевтин за половина денар, додека цените на дизелот и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Според ова, цената на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 79,50 денари, додека цените на Еуросупер БС-95 останува 78 денари, а дизелот ќе се продава за 70 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,359 денари за килограм и ќе изнесува 40,733 денари за килограм.