Ограбена бензинска во Свети Николе

Ограбена бензинска во Свети Николе. Грабежот се случил синоќа околу 23,50 часот.

Како што информира МВР, на бензинската пумпа  „Ак оил“, непознат маскиран сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработениот од Свети Николе при што го одзел дневниот промет во износ околу 6.180 денари.

Ограбена бензинска во Свети Николе
Ограбена бензинска во Свети Николе

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица Свети Николе.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.