Бербатов ангажиран како замена за повредениот Фалкао

Иако сите го преселија во редовите на Тотенхем, бугарскиот интернационалец од редовите на Фулам, Димитар Бербатов во текот на утрешниот ден и официјално ќе биде претставен како последна зимска аквизиција на францускиот прволигаш Монако.

Богатиот сопственик на францускиот прволигаш, познатиот руски бизнисмен, Димитриј Роболовјев ја заврши потрагата по нов напаѓач кој ќе има за задача да го замени тешко повредениот репрезентативец на Колумбија, Радамел Фалкао.