Берг доби отказ од раководството на Легија, Тричко чека нов тренер

Берг заработи отказ од Легија - Тричко ќе има нов тренер

Во последните пет кола, Легија четири пати ремизираше и по 11 одиграни кола во полското првенство се наоѓа на четвртата позиција со дури десет бода негатива во однос на Пиаст.

Кулминација на незадоволството кај челниците на клубот беше вчерашното реми со Горњик (2:2).

Досегашната формула за соработка со тренерот не донесе резултат и исполнување на нашите долгорочни амбиции. Затоа се одлучивме на ваков чекор, изјави претседателот на Легија, Богуслав Леснордски.

Берг ја водеше Легија од 1 јануари 2014 година и во првата полусезона ја освои титулата во полското првенство. Во претходното првенство беше втор, но не успеа да обезбеди место во групната фаза од Лигата Европа.

Неофицијално, наследник на Берг ќе биде поранешниот руски репрезентативен голман и екс-тренер на Динамо Москва, Станислав Черчесов кој веќе пристигнал во Варшава на преговори.