Балкан

балканот реагира на атетнатот врз српскиот политичар на Косово Бериша: Ивановиќ го убија кругови на српските ултранационалисти

Бериша: Ивановиќ го убија кругови на српските ултранационалисти

Убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, кој во вторникот утрото беше застрелан пред канцелариите на својата партија во Косовска Митровица, е дело на српски ултранационалистички кругови, изјави во средата поранешниот албански премиер и претседател Сали Бериша, кој важи за духовен лидер на албанската опозиција.

Како што објави Сали Бериша на својот официјален профил на Facebook, тој смета дак атентатот врз 64-годишниот Оливер Ивановиќ има јасна политичка заднина.

„Овој е криминален акт, кој има цел да наштети на дијалогот на Косово со Србија. Делото е акт на црната рака на срспките ултранационалнисти кои поледните годни имаат реализирано слични криминални акти“, напиша Бериша.

Албанските медиуми посветуваат големо внимание на убиството на Ивановиќ и притоа оценуваат дека станува збор за „обид на српските националнистички кругови“ да се дестабилизира Косово и регионот. Како електронските, така и печатените медиуми, пренесуваат детални информации околу политичката кариера на Ивановиќ.