Берлин: Човек се запалил пред либиската амбасада

Пред либиската амбасада во Берлин денеска се запалил еден млад човек, кој заради самозапалувањето се здобил со тешки повреди, изјавил портпаролот на германската полиција.

„Се работи за младич на околу 25 години. Тој се полил со запалива течност и се запалил насред улицата“, изјавил портпаролот.

„Штом виделе дека тоа се случило, припадниците на обезбедувањето на амбасадата се обиделе да го изгаснат огност. Младичот , меѓутоа, е тешко повреден и неговиот живот е во опасност„, изјавил портпаролот.

Таа додала и дека засега не се познати мотивите на оачјничкиот потег на младиот човек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.