Балкан

Берлин: Нема кратење на грчкиот долг

Берлин: Нема кратење на грчкиот долг

Германското Министерство за финансии целосно ја отфрла можноста на Грција да и биде отпишан долгот кон меѓународните кредитори, јави дописникот на МИА од Берлин.

– Кратење на грчкиот долг воопшто не е прашање за разговор, изјави денеска во Берлин портпаролот на германското Министерство за финансии, Мартин Јегер.

Реакцијата на германското Министерство за финансии се однесува на информациите објавени од Викиликс, според кои високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе разговарале за оваа можност.

Покрај наводите на Викиликс повеќе грчки претставници со месеци лобираат за намалување на грчкиот долг, поради трошоците што Грција ги прави при справувањето со бегалската криза, што веднаш беше отфрлено како можност од официјален Берлин.