сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Берлин: Оставката на Давутоглу да не влијае на договорот за бегалците со ЕУ

договор

Последни вести

Германија се надева дека Турција ќе се држи до договорот со Европската унија за спречување на бегалците да влезат во ЕУ и покрај заминувањето да потписникот на договорот премиерот Ахмет Давутоглу.

Заменик портпаролот на Владата во Берлин Георг Штрајтер денеска изјави дека Владата на канцеларката Ангела Меркел соработувала добро со премиерот Давутоглу и со сите други турски претставници.

– Очекуваме оваа добра и конструктивна соработка да продолжи и со новиот турски премиер. Ние ќе ги исполниме сите обврски и очекуваме дека и Турција исто така ќе ги исполни своите обврски, изјави Штреитер на прес-конференција, ден откако еден од главните архитекти на договорот ЕУ – Турција за бегалците се повлече од позицијата премиер на турската влада, пренесува МИА.

Според официјален Берлин договорот според кој во замена за шест милијарди евра, визна либерализација и забрзување на преговорите за членство Турција треба да ги блокира сите бегалци да пристигнуваат во Европа е склучен меѓу држави а не меѓу индивидуалци и затоа треба да се почитува и покрај оставката на претседателот на турската Влада.

Штрајитер кој смета дека довогорот веќе дава позитивни резултати одби да одговори на прашањето дали заминувањето на Давутоглу е лош знак.

– Се работи за внатрешно политичко прашање во Турција за кое нема да коментирам овде, изјави Штрајтер.

Дел од германскиот политички естаблишмент вчера изрази загриженост од промените во Турција кои што даваат можност турскиот претседател Ердоган да владее без никаква контрола.

Поради начинот на кој што владее и поради неговото досие во поглед на прекршувањето на човековите права Ердоган е еден од најкритикуваните светски политичари во Германија. Германската влада пред три недели дозволи судење за сатиричарот Јан Бехерман кој во ТВ емисија го навреди Ердоган по што се соочува со казна затвор за навреда на странски државник.

Најчитани вести