Берлин повторно поделен – овојпат од светлосен ѕид

Осум илјади бели светлечки балони ќе покажуваат каде минувал ѕидот кој 29 години го делел Берлин на источен и западен дел. Со ова симболично ќе се одбележи четврт век од падот на Берлинскиот ѕид.

Од 7 до 9 ноември балоните ќе бидат поставени во должина од 15 км. во рамки на проектот Граница на светлост

Дизајнирани се да евоцираат спомени на демонстрациите во Источна Германија пред падот на ѕидот кога илјадници луѓе носеле свеќи и мирно искажувале незадоволство.

Освен тоа поставувањето балони долж трасата на која бил ѕидот треба да биде силен симбол и показател на големината на проектот и поделеноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.