Берлин се надева дека оставката на Азаров ќе го олесни дијалогот меѓу опозицијата и Киев

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер се надева дека оставката на украинскиот премиер Микола Азаров, ќе биде сигнал за опозицијата дека можат да бидат одржани нови преговори за решавање на кризата во земјата, пренесува „АФП“.

Штајнмаер истакна дека со оставката на премиерот владеачите на Украина испраќаат сигнал до опозицијата, што може да ги фаворизира новите разговори помеѓу двете страни.

Министерот истакна дека тоа нема да се случи, ако законите кои ги ограничуваат можностите за развивање на активна политичка активност не се променат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.