Берлин и Стокхолм со осуда на одлуката на Трамп за забрани за влез во САД

трамп

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, двајцата шефови на влади изјавија дека очекуваат повеќе информации од САД во врска со последиците на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за нивните граѓани, но и за можните глобални политичките импликации.

Борбата против тероризмот не оправдува ваква генерална акција против одредени земји и луѓе со одредена вероисповед, изјави Меркел во Стокхолм на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер, според кого, пак, одлуката на Трамп е контрапродуктивна и целосно неприфатлива.

Запрашана во врска со обвинувањата на советникот на Трамп за трговија Питер Наваро дека Германија го користи слабото евро за да ги искористуава своите партнери во ЕУ и САД, Меркел истакна дека вредноста на еврото ја одредува Европската централна банка, која е целосно независна институција, потенирајќи ја при тоа својата заложба за трговија на светските пазари со сите во фер услови.