Берлин: Украден вториот по големина златник во светот

Крадци од трезорот на берлинскиот музеј „Бода“ украле златник тежок 100 килограми, што вреди 3,8 милиони евра, соопшти берлинската полиција.

Ноќта во понеделникот од складиштетот на „Бода“ музејот на берлинскиот Музејски украден е канадски златник со ликот на британската кралица Елизабета Втора. Се уште се трага по крадците, стои во соопштението.

Златникот наречен „Голем лист јавор“ е втор по големина златник во светот.

Специјалната единица на берлинската полиција задолжена за решавање на кражби на уметнички дела ја води истрагата за случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.