Берлускони: Ако заминам во затвор, во Италија ќе има револуција

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој беше осуден на една година затвор за даночни измами, изјавил за француското радио „Европа 1“, дека ако биде испратен во затвор, во Италија ќе има револуција.

Сигурен съм, че те не могат да ме хвърлят в затвора, защото в противен случай ще се вдигне революция, подчерта Ил Кавалиере в интервюто, което даде в римската си резиденция и което беше излъчено тази сутрин.

„Сигурен сум дека тие не можат да ме фрлат во затвор, бидејќи во спротивно ќе се крене револуција , истакнал Берлускони во интервјуто.

„Не може да се праќа во затвор, да се погазува слободата на човек кој води предизборна кампања против мнозинството, користејќи го правосудството, за да ме отстранат од политичката сцена“, изјави Силвио Берлускони.

Поранешниот италијански премиер е во опозиција од крајот на ноември, откако беше отстранет од Парламентот и сега води кампања за организирање на парламентарни избори во мај, истовремено со гласањето за европратеници.

„Мислам дека ќе биде тешко да ме пратат во затвор. За време на следните избори јас ќе извојувам големо мнозинство, а освен тоа со многуте мои години и не се плашам од ништо“, додал поранешниот италијански премиер.