Берлускони денеска ќе ги пегла Галијани и Сидорф

Сопственикот на италијанскиот калчо гигант Милан, Силвио Берлусокони, пред неколку часа свика итен состанок на кој ќе присуствуваат неговите деца, потоа потпретседателот на Милан, Адријано Галијани и новиот тренер на “росонерите”, Кларенс Сидорф.

Италијанските медиуми потврдија дека итниот состанок ќе се одржи во луксузната вила на Берлускони, лоцирана на познатото езеро Комо, а од овој состанок ќе зависи и иднината на седумкратниот европски клупски шампион.

Поранешниот премиер на Италија е разочаран од болната елиминација во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони, а е разочаран и од постигнатите резултати во актуелната сезона од италијанската Серија А.

Берлускони е несреќен поради моменталниот пласман на табелата, од фактот дека Милан во новата сезона нема да биде дел од најпрестижното клупско натпреварување и од статусот на најголемо разочарување во Серија А.