Берлускони: Ја продолжувам борбата за своите политички цели

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, кој претходно оваа година беше осуден на повеќегодишна затворска казна и му е одземено местото во Сенатот, најавил дека ќе продолжи да се бори за своите политички цели низ неговата партија Форца Италија.

„Јас сум стар човек, не можам да си дозволам да ја окончам својата човечка авантура, историја на бизнисмен, спортисти и државник како губитник“, рекол Берлускони во телефонска изјава.

Италијанскиот Врховен суд ја потврди четиригодишната затворска казна на трикратниот италијански премиер бидејќи му е донесена конечна одлука, по две децении правна битка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.