Берлускони: Милан не може против клубовите кои користат арапски пари

Сопственикот на седумкартниот европски клупски шампион Милан, Силвио Берлускони откри кога повторно ќе седне во претседателското столче и додаде дека е голем фан на актуелниот тренер на Фиорентина, Винченцо Монтела.

„Монтела мислам дека заврши одлична работа со Фиорентина. Мислам дека е прекрасна личност. Ми се допаѓа и како тренер и како личност. Како и секогаш, прво ќе почекаме да заврши актуелната сезона, потоа се разговарам со моите соработнички и со сите тренери. Ќе разговарам со сите кои имаат поголема одговорност во клубот и заедно ќе одлучиме што е најдобро за Милан. Ќе седнам во претседателска фотеља кога ќе ставам крај на мојата политичка кариера. Тогаш директно ќе бидам поврзан со Милан. Да не заборавиме дека Милан е еден од најтрофејните клубови во целиот свет. Исто така, да потцетам дека Милан не е за продажба. Точно дека имаме големи проблеми, Милан не може да се натпреварува на интернационалната сцена со клубовите кои ги користат арапските пари. Тука мислам на ПСЖ, кој нема финансиски лимит”, изјави Берлускони.