Берлускони може повторно да се кандидира

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кому во август 2013 година му беше одредена забрана за извршување јавни должности и функции поради затајување данок, може повторно да се кандидира на избори по одликата на судот во Милано да го „рехабилитира“, пишува во саботата миланскиот дневен весник Il Corriere della Sera.

Судот во Милано одлучил да го рехабилитира Сивлио Берлускони со што се бришат сите пресуди за затајувањето на данок донесени во 2013 година, пишува весникот. Во саботата ниеден медиум не успеал да го контактира за потврда миланскиот суд.

Досега на сила беше забраната за 81-годишниот милијардер да се кандидира на изборите до 2019 година, додава Il Corriere della Sera, во чиј напис се прецизира дека одликата е донесена во петокот, еден месец порано од предвиденото.

Во Италија веќе подолг период траат преговорите за составување на новата влада меѓу Лигата (поранешната Северна Лига) и Движењето пет ѕвезди, (М5S), два месеца по парламентарните избори кои се одржа на 4-ти март.

Одлуката на судот во Милано е донесена два дена откако поранешниот премиер и медиумски магнат се согласил да даде зелено светло за постигнување договор меѓу крајната десница којашто ја претставува Лига и Движењето пет ѕвезди, кое условува договорот со повлекување на Берлускони. Според последните информации Италија е сѐ поблиску до формирањето евроскептична влада.

Десно ориентираната коалиција којашто ја сочинуваат Напред Италија на Берлускони и Лига победи на парламентарните избори со 37 отсто, пред М5Ѕ со 32 отсто а движењето повторно е поединечно најсилната политичка партија во италијанскиот парламент. Но ниту една од партите не може самата да формира мнозинство во пеалрмаентот.,

Поради споменатата пресуда, Берлускони не можеше да биде кандидат на својата партија, што сега му е овозможено во случај на одржување нови избори.