Берлускони: На Меркел и беше забавно кога игравме криенки

Силвио Берлускони најде време за интервју за Би-Би-Си и покрај општествено корисна работа која ја одработува заради казна за корупција.

„За 20 години во политиката никого не сум навредил,“ изјави поранешниот премиер на Италија запрашан за коментарите дека Ангела Меркел ја нарекувал со навредливи имиња.

Берлускони, наводно пред три години раскажал виц во кој најмоќната политичарка во Европа ја нарече „со дебел задник“.

„Не, никогаш немав проблем со Ангела Меркел. Тоа обвинение го измисли некој што сакаше Меркел да ја сврти против мене,“ изјави Берлускони

Италијанскиот медиумски тајкун исто така го нарече за шега она кога во 2008 година излезе од позади споменикот во Трст и викна „Ујааа“ на Меркел, кога доаѓала на разговори. Тој тврди дека ја повторил шегата која неколку дена му ја приредил на Владимир Путин во Санкт Петербург. Изјави дека на Меркел тоа и било забавно.

Тој додаде дека навистина бил во добри односи со германската канцеларка, но додаде дека нивниот однос се влошил во 2013 година кога не можел да ги исполни економските ветувања кои и ги дал. Тој нагласи дека политиката ја засновал на „пријателски односи со своите колеги.“

Берлускони го критикуваше поранешниот француски претседател Никола Саркози со кој не се сложувал околу Либија поради настојувањето на Париз да го симне либискиот водат Муарем ал Гадафи во 2011 година.

Тој призна дека наводите против него околу корупцијата, неплатениот данок и секси журките му го срушиле угледот во странство, но тој тврди дека Италијаните добро знаат дека ништо од тоа не  е вистина.