Берлускони се премисли, Милан останува во негова сопственост

Иако италијанските медиуми, објавија информација според која дека е постигнат договор за продажба на Милан и дека денеска Силвио Берлускони и Би Теачубол треба само да ја официјализираат зделката, сепак, Милан се уште е во сопственост на Берлускони.

Имено, состанокот кој се одржа утрово во хотелот „Парк Хајат“ во Милано завршил без пружена рака помеѓу двете страни. Силвио Берлускони и Би Теачубол пред новинарите излегоа со изјави дека преговорите ќе продолжат, што значи дека Милан не е продаден и во моментов се уште е во рацете на поранешниот италијански премиер.

-Одржавме состанок и се договоривме дека ќе се сретнеме уште еднаш за да ги прецизираме деталите кои се од круцијално значење за иднината на Милан. Сакам да им дадам гаранција на навивачите на Милан дека клубот и по оваа ситуација ќе продолжи да чекори на патеките на славното минато, изјавил Берлускони по состанокот.

Според зборовите на Силвио Берлускони, Милан нема да добие нов сопстеник, ниту нов претседател, бидејќи Би Теачубол ќе откупи „само“ 49 проценти од акциите на клубот.

-Постои можност да задржам 51 процент од акциите во клубот. Дали ќе останам претседател? Да. Сакам Милан по подолго време да стане фактор во Италија, Европа и светот. За мене ова е далеку над обичниот бизнис, во прашање се емоции и љубовта кон Милан, додал Берлускони.

Човекот кој се сметаше за нов претседател на тимот, само ги потврди зборовите на Берлускони.

-Сакам да му се заблагодарам на претседателот Берлускони, ми беше чест. Останува да поработиме на деталите. Ќе ни биде потребно малку време, но се надевам дека во иднина заеднои ќе го водиме клубот, изјави Би Теачубол.

Според новата ситуација, Берлускони се уште не донел одлука за продажба на клубот, но и доколку дојде до такво нешто, тој ќе остане мнозински сопственик на Милан.