Македонија,Крими хроника

Беровец почина откако му се превртел тракторот

Беровец почина откако му се превртел тракторот

Четириесет и двегодишниот Драган Б. од беровското село Владимирово починал откако се превртел тракторот со кој управувал.

Управувајќи трактор на кој имало приколка во еден момент излетал од шумскиот пат, по што приколката се превртела, а тракторот продолжил со движење по удолница и удрил во дрво.

Трактористот се здобил со тешки телесни повреди и починал.