Берово: Девер два пати ја силувал снаата

Триесет и четиригодишна жена од Берово пријавила дека била силувана од нејзиниот девер.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера утро 31-годишниот В.Б. влегол во собата на неговата снаа. Тој е обидел да ја бакне, но откако таа му се спротивставила,  ја фатил за рака, ја турнал на креветот, со едната рака и ја затворил устата, насилно и’ ја соблекол облеката и извршил обљуба.

Откако сакал да си замине, таа му рекла дека ќе го пријави во полиција, по што тој повторно ја силувал.

Силувачот В.Б. е приведен во полиција, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.