Беса е новата партија на Албанците во Македонија

На македонската политичка сцена во земјава има нова политичка партија – Беса, која како и ДПА и ДУИ, ќе се обраќа главно на македонските граѓани од албанско етничко потекло.
„Гледајќи ја состојбата во која живееме, ние сметавме дека е потребно да се започне нова иницијатива, која е повеќе од потребна“, изјави Биљаљ Касами, координатор на иницијативниот совет на партијата.

Тој рече дека Македонија треба да биде еднаква за сите граѓани, без оглед на националноста, етничката припадност или религијата. Главна заложба на Беса е комплетно ново политичко и општествено уредување на државата. Според Касами треба да се изгради нова држава која нема да биде ниту како онаа од 45-та година, ни како од 91-та, или пак онаа од 2001-та година.

Во Беса се против федералното уредување како опција за Македонија, а се за граѓански систем во кој сите етнички групи би  биле рамноправни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.