БЕСА го предложи Асаф Адеми за министер за култура

Скопското крило на БЕСА на вечерва одржаниот состанок  го номинира Асаф Адеми за нов министер за култура во Владата на Заев. Адеми е поранешен амбасадор во Данска како и кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА.

Адеми во моментот е генерален директор на данска компанија.