БЕСА, коалицискиот партнер на Заев испорача барање за редефинирање на Македонија

БЕСА излезе со изјава за редефинирање на Македонија и интервенции од меѓународен фактор во моментот кога Заев прави насилни протести, чија цел е рушење на власт без избори.

-По уривање и на институцијата Претседател на Македонија, Движењето БЕСА како единствена опција ја гледа можноста за посериозна интервенција од меѓународниот фактор, бидејќи овие несериозни и неодговорни луѓе не покажуваат способност за одржување држава. Сето тоа би налагало РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија, со што би се оневозможило на било која партија во било каква ситуација да не може да ги злоупотреби државните институции, велат од БЕСА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.