БЕСА му откажа љубов на Заев, утре нема да одат на протест

Движењето БЕСА преку писмено соопштение ја извести јавноста дека нема да учествува во утрешните протести на опозицијата.

„Во овој случај Движењето БЕСА ја изразува својата загриженост дека „вистината за Македонија“ се повеќе и повеќе станува „Вистината за ВМРО-ДПМНЕ“, бидејќи дури и по 30 и повеќе објавени прислушувања речиси ништо не излезе за делата на албанскиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Демократската Унија за Интеграција. На овој начин г. Заев им даде легитимно право на албанците да се сомневаат  дека тој продолжувал да се пресмета со ДУИ,  да таа партија – инкриминарана и до грло израмнета за 13 години во власта – како што и самите службеници на СДСМ тврдеа, за да потоа да ги искористи за идната влада. Ова не тера да се сомневаме дека целта на СДСМ не е спасот на Македонија и изградба на една слободна, демократска и фер држава, но само промена на сопственикот на државата“, велат од движењето.

Од движењето констатираат дека и по толку години и по толку многу изјави , СДСМ  ни малку не го смени односот со Албанците.

„Затоа сега, кога е направен национален повик за протести, иако Движењето БЕСА  е за измена на оваа власт, Централниот Совет на Движењето БЕСА им се обраќа на нејзиното членство , но исто така и на целото албанско население во Македонија , со следниов став: Движењето БЕСА нема да учествува во протестите на 17 Мај!“, стои во соопштението.

Како причини за ваквата одлука се наведува тоа што од изјавените прислушувања од страна на Заев се покажало дека за СДСМ  влада е само ВМРО-ДПМНЕ а не и ДУИ, како и тоа што, како што велат, Заев досега ништо не изјансил  што ќе промени за албанскиот народ во Македонија откако Никола Груевски ќе падне од власта.