БЕСА: Насилници од партијата на власт спречуваa граѓани да гласаат во Чаир

Насилни милитанти од партијата на власт вршеа притисок врз граѓаните кои гласаат на гласачкото место 2901 во Чаир за да не излезат на гласање, обвинија во неделата вечерта од Движењето БЕСА.

На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи. Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15-ти и на 29-ти октомври.

Државната изборна комисиај (ДИК) претходно објави дека дo 17 часот на гласање на споменатото изборачко место излегле 34,9 отсто од запишаните избирачи, односно 251 лиц3 со прави на глас. Во првиот круг од изборите излезноста на посоченото место изнесувала 54 отсто, додека на вториот 38 проценти.

„Имаме обезбедено информации дека на жителите кои живеат на оваа област им се одземени документите за лична идентификација од партиските милитантни на владејачката партија, а за сево ова било информирано и Министерството за внатрешни работи“, велат од Беса.

Движењето БЕСА во тек на прегласување за вториот круг од локалните избори на
гласачкото место 2901 во скопската општина Чаир преку соопштение побара од институциите, како што наведува, да создадат услови гласачите слободно да ја изразат својата волја и политичка убеденост.

„Исто така, бараме од МВР и на сите жители кои гласаат на гласачкото место 2901 да им ги вратат документите за лична идентификација за да можат да гласат“, објавија од БЕСА во текот на гласањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.