БЕСА нема да учествува на амандманската расправа за Законот за јазиците

БЕСА нема учествува на амандманската расправа за Законот за јазиците, за ова движење случувањата во Собранието се политички театар, рече пратеникот Фадил Зендели, чии партиски колеги потврдија дека не добиле покана да учествуваат во владината коалиција.

„Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар“, рече пратеникот Фадил Зендели.

Движењето БЕСА бара да се гласа за нивните два амандмана, а тоа се да се смени името на законот и да се вика Предлог закон за употреба на албанскиот јазик, а вториот е за целосна употреба на албанскиот јазик во државните институции.

Пратениците од Беса на новинарско прашање кажаа дека не добиле покана за учество во Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.